Со Стопанска до нов автомобил

Bez autora
Apr 19 2011

Стопанска банка во соработка со „Автонова“ и „Аутомобиле СК“, генерални увозници на автомобилите „Ситроен“, „Фиат“, „Ланчија“ и „Алфа Ромео“, воведе нов автомобилски кредит. Од банката велат дека со овој кредит прв пат се овозможува со најмала месечна рата да се купи посакуваниот автомобил. Се одобрува кредитен лимит поделен на еднакви месечни рати плус една макси рата, која достасува на истекот на рокот на отплата. Макси ратата, всушност, е одложено бескаматно учество, односно каматата и административните трошоци се пресметуваат и плаќаат само на износот на кредитот намален за вредноста на макси ратата. Поради оваа предност, месечната рата е минимална и не претставува оптоварување на семејниот буџет што ги прави возилата достапни за сите. Годишната каматна стапка изнесува 7,6 отсто, но стапката на вкупни трошоци поради специјалната програма со макси рата, каматата изнесува само 5,7 отсто годишно, што е најмала каматна стапка за автомобилски кредит во Македонија.

Со Стопанска до нов автомобилСтопанска банка во соработка со „Автонова“ и „Аутомобиле СК“, генерални увозници на автомобилите „Ситроен“, „Фиат“, „Ланчија“ и „Алфа Ромео“, воведе нов автомобилски кредит.

Од банката велат дека со овој кредит прв пат се овозможува со најмала месечна рата да се купи посакуваниот автомобил. „Се одобрува кредитен лимит поделен на еднакви месечни рати плус една макси рата, која достасува на истекот на рокот на отплата. Макси ратата, всушност, е одложено бескаматно учество, односно каматата и административните трошоци се пресметуваат и плаќаат само на износот на кредитот намален за вредноста на макси ратата.

Поради оваа предност, месечната рата е минимална и не претставува оптоварување на семејниот буџет што ги прави возилата достапни за сите. Годишната каматна стапка изнесува 7,6 отсто, но стапката на вкупни трошоци поради специјалната програма со макси рата, каматата изнесува само 5,7 отсто годишно, што е најмала каматна стапка за автомобилски кредит во Македонија“, објаснуваат од Стопанска банка.

Рокот на отплата може да биде од три до шест години, со минимално учество од 20 отсто. Макси ратата се плаќа заедно со последната месечна рата од кредитот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik